Сурово: Ковид-19 го спречи Италијанецот Росети да освои олимписки медал

126

33-годишниот веслач од Равена се врати на овој спорт по осум години работа на нафтена платформа на Каспиското море и собирање на овошје и работа како келнер во Австралија.

Судбината си поигра со италијанскиот веслач Бруно Росети кој остана без медал затоа што пред финалната трка во четверец беше позитивен на Ковид-19. Според протоколите тој веднаш е испратен во самоизолација, а неговото место го пополни Марко Ди Костанцо кој заедно со останатите тројца веслачи го предвоеа тимот до бронзениот медал во оваа дисциплина.

На Росети иако беше член на екипажот се до ова финале нема да добие медал. Според информациите од Италија, Росети бил вакциниран со две дози на ваквина против коронавирус, но не е јасно како и кога се заразил. 33-годишниот веслач од Равена се врати на овој спорт по осум години работа на нафтена платформа на Каспиското море и собирање на овошје и работа како келнер во Австралија. Тој успеа со напорна работа да стигне до олимпискиот тим на Италија во веслање но коронавирусот го спречи да се радува на успех.

Преку 100 спортисти и членови на стручните тимови се заразени со коронавирус на Олимписките игри и се во изолација.

ФОТО: Твитер
Целата сторија ТУКА

ПретходноСветскиот шампион во сток со стап нема да атакува на медал – позитивен е на Ковид-19
СледноДрагиќ и Дончиќ ги предводеа Словенците до четвртфинале на ОИ