Хавиер Гарсија Пимиента ќе биде нов тренер на Севиља во следните две сезони. Веста ја потврдија од шпанскиот клуб.
Од јануари 2022 година, шпанскиот стратег беше на чело на Лас Палмас. Под негово водство тимот одигра 105 натпревари. 49-годишниот Гарсија Пимиента има искуство и со различни младински тимови во Барселона.
Лас Палмас ја заврши сезоната 2023/24 на 16. место во поредокот во Ла Лига, а беше елиминиран од Купот на Шпанија по поразот на гости кај Тенерифе (2:0) во осминафиналето.