Крос искрен: Да ми кажеше некој дека ќе освојам шест титули во ЛШ немаше да му верувам!

311

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, по вчерашниот негов последен меч во дресот на „кралскиот клуб“ не можеше да ги скрие емоциите од новата европска титула.

„Поминаа неколку моменти, па можам да ја категоризирам оваа победа малку подобро, но сепак е неверојатно. Да ми кажеше некој дека ќе освојам шест титули во Лигата на шампионите, немаше да верувам. Ова е лудост. А главната работа е што сè заврши со Реал како што секогаш сонував. Ова е фантастична ноќ, неверојатни емоции, мило ми е што сум дел од овој голем клуб толку години“, изјави Крос.

Крос на 34 години реши да стави крај на играчката кариера веднаш по домашното Европско првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава.

ПретходноНикола Ѓоргиев е најдобар поентер во Златната лига 2024
СледноАлкараз одигра „ѕверски“ и закажа четвртфинале со Циципас