Пријателски: Австрија со два брзи гола ја победи Србија, Португалците сигурни со Финска

151

Во дуелот на две репрезентации учеснички на ЕП 2024, селекцијата на Австрија во Виена со 2:1 ја совлада Србија во подготвителниот натпревар пред претстојното Европско првенство.

Австријците поведоа со 2:0 со головите на Вимер и Баумгартнер до 13 минута, додека единствениот гол за Србија го постигна Павловиќ.

Швајцарија вечерва пред своите навивачи во Луцерн со 4:0 ја совлада Естонија, додека во Букурешт, Романија и Бугарија одиграа 0:0, а домашните промашија пенал.

Убедлив триумф остварија Португалците, кои ја совладаа Финска со 4:2. Португалија поведе со 3:0 и се чинеше дека ќе обезбеди убедлива победа, но Финците со два брзи гола се вратија за 3:2. Конечните 4:2 ги постигна Бруно Фернандеш со својот втор гол во 84. минута.

ПретходноНоле сака што побргу на операција, за да стигне да се опорави за ЛОИ во Париз
СледноЈуве пред договор со Бразилецот од Вест Хем