Украинците посилни за Миколенко на мечот со Белгија

75

Фудбалерот на Евертон, Виталиј Миколенко е подготвен за акција на Европското првенство.

Украинскиот лев бек се повреди непосредно пред стартот на Еп 2024 и затоа на првите два меча не се најде во составот на Ребров.

Сега тој е фит и ќе им се приклучи на соиграчите за последниот меч од груптаната фаза.

„Подготвен сум“, вели Миколенко. „Тренирав со тимот неколку дена и подготвен сум да играм против Белгија“, вели дефанзивецот.

Натпреварот меѓу Украина и Белгија се игра во среда вечер од 18 часот.

ПретходноБод против Португалија: Имавме победа во рака, на крајот спасувавме реми
СледноЈанев: Девојките треба да знаат дека можат против секого, криво ми е што не победивме