Мбапе го нарече Левандовски „кучкин син“

2159

Килијан Мбапе го нарече Роберт Левандовски „кучкин син“ за време на денешниот меч меѓу Франција и Полска во 3. коло од групната фаза.

Францускиот тим одигра нерешено со Полска (1:1) и остана на второто место во групата.

Во 88. минута Роберт Левандовски додека се бореше за топката, со рака го турна Килијан Мбапе и најверојатно го удри во лице. Французинот веднаш се пожали на постапката на Полјакот, ја извади заштитната маска, го допре носот и кон Левандовски употреби непристоен израз.

По завршувањето на натпреварот, играчите го решија инцидентот, откако камерите ги фатија како се прегрнаа.

ПретходноЈанев: Во нападот не бевме на ниво
СледноАнглија прва, Данска и Словенија без победа кон осминафинале, Србија заминува дома