Турција го освои првото злато на ЛОИ во Токио

107

Турчинот Мете Газоз освои златен медал во стреличарство на Олимпијадата во Токио и со тоа го обезбеди првото злато за Турција на Олимпијадата во Токио.

Во финалните борби, Газоз беше подобар од Италијанецот Мауро Наполи, кој го освои сребрениот медал, победувајќи го со 6-4. Бронзата му припадна на Јапонецот Такахаро Фурукава.

Најголемиот фаворит во стреличарство, Американецот Брејди Елисон, беше елиминиран во четвртфиналето, со што не успеа да дојде до својот прв олимписки медал на четвртите игри на кои настапи.

ПретходноШкендија сака да го врати Бруно Акраповиќ!
СледноПрва победа на јуниорките: Триумф над Албанија