Прва победа на јуниорките: Триумф над Албанија

72

По стартните три порази, женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на ФИБА Челинџер турнирот во Софија. Во меч од 4. коло денеска нашите јуниорки остварија победа над врсничките од Албанија со 61:49.

Со по 14 поени, Димитријевиќ и Чолакоска го предводеа нашиот тим по победа. По 6 поени запишаа Блажевска и Цветаноска.

Ова е прва победа за нашите девојки, откако почнаа со порази од Украина, Словенија и Бугарија. За нашиот тим останува само уште еден меч во групата „Д“, против селекцијата на Швајцарија.

ПретходноТурција го освои првото злато на ЛОИ во Токио
СледноДвојна радост: Шведска со злато и сребро во фрлање диск