Неуспешна “генералка“: Шкендија поразена во пријателски меч од Партизани!

228

Попладнево во Поградец, Шкендија во пријателски меч беше поразена од Партизани Тирана со 1:2, иако имаше водство уште во 2.минута со голот на Красниќи. Ова беше петта пријателска за тетовци во текот на овие подготовки и втор пораз. Инаку ова беше и “генералка“ за тимот на стратегот Јетон Беќири за првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против Ноа на гости во Ерменија, меч кој се игра следниот четврток на 11 јули.

ПретходноХрватска загуби од Нов Зеланд, ама се пласира во полуфиналето!
СледноВимблдон: Алкараз лесно до пласман во 3.коло, Медведев се изнамачи ама и тој во следната фаза!