Норвежанките ја продолжија доминацијата и ја прославија четвртата победа во групата на женскиот олимписки турнир во Токио. Во последниот денешен меч, Норвешка во дуелот со Холандија славеше со 29:27 и со тоа остана единствената непоразена селекција во групата.
Морк беше брилијантна кај Норвежанките откако постигна 9 гола, додека кај селекцијата на Холандија за која ова беше прв пораз во групата, одличен меч одигра Смитс која заврши со 7 реализации.
Претходно Шпанија беше изненадена од Унгарија и го претрпе вториот пораз во групата „Б“. Унгарките до првата победа дојде со триумф од 29:25.