Македонската кадетска одбојкарска репрезентација го освои третото место на Балкаското првенство во Тирана. Во клучниот меч за втората позиција, избраниците на селекторот Ванче Санев со максимални 3:0 (26:24, 25:17, 25:18) беа поразени од Црна Гора.
Македонија оствари една победа и претрпе два пораза на Балканијадата во Тирана. Избраниците на Санев (одбојкари родени 2007-ма и помлади) на почетокот на турнирот ја совладаа домашната репрезентација на Албанија со 3:1, а потоа загубија во три сета од Србија и од Црна Гора.
Првото место го освои Србија, Црна Гора заврши втора, а Албанија четврта.