Стојоски го освои 38 место и постави личен рекорд на 400 метри во Токио

1495

Македонскиот атлетичар, Јован Стојоски оствари личен рекорд во квалификациите на 400 метри на Летните олимписки игри во Токио.

Во четвртата квалификациска група истрча време од 46.81 секунда, за една стотинка подобро од неговото најдобро време.

Стојоски заврши претпоследен (на шестото место) во својата група, пред Кениецот Емануел Кипкури, кој беше дисквалификуван.

Во вкупниот пласман во квалификациите на 400 метри на ЛОИ во Токио од 48 учесници заврши на 38 место.

ПретходноИ Бурсаспор во игра за Гачевски
СледноСо среќа кон СП – БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ!