Филип Маџовски го засилува стручниот штаб на тренерот Горазд Михајлов и во иднина ќе биде нов тренер на голманите во првиот тим на ФК Вардар.
Маџовски е поранешен голман, како на репрезентацијата на Македонија, така и на Вардар, за кого настапувал во сезоната 2009/2010. Покрај тоа, има настапувано и за Работнички и Милано Куманово, а исто така, зад себе има и интернационална кариера.
Функцијата тренер ја врши уште од 2019 година и зад себе има и богата интернационална кариера низ која досега бил дел од стручниот штаб на екипите: Хајџер, Хата и Најран.
Сега се враќа дома, како тренер, побогат за искуство кое треба да се предаде на идните генерации.
Вардар му се заблагодари на поранешниот тренер на голмани Бојан Димковски, на кој му посака многу успех во понатамошниот дел од кариерата.