И Кехинде во нападот на Струга ТЛ на реваншот со Слован!

422

Добра вест за стратегот на шампионот Ќатип Османи. Имено најновото засилување Нигериецот Ланре Кехинде, ќе биде во комбинација за реваншот со Слован во рамките на 1.квалификациско коло во ЛШ. Документацијата е завршена, Кехинде е пријавен во УЕФА и се очекува барем 20-30 минути да се најде во тимот, односно во нападот на Струга ТЛ во среда на „Билјанини Извори“ во Охрид, во натпреварот кој започнува во 17 часот.

Инаку и покрај поразот во Братислава од 4:2 на првиот натпревар од овој двомеч во квалификациите во Лигата на Шампионите, сите во таборот на нашиот шампион веруваат дека оваа пречка може да се мине. Струга ТЛ во Братислава одигра добро, посебно во второто полувреме кога од 2:0 стигна до 2:2, но двата гола ги прими во самиот финиш на средбата со кои беше поразена.

Штета што не остана тој резултат од 2:2, работите ќе беа поинакви.

Сепак познато е дека ако Струга ТЛ не успее да го мине шампионот на Словачка, тогаш ќе продолжи во Европа во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции и ќе игра против поразениот од двомечот меѓу Динамо Минск (Белорусија) и Пјуник (Ерменија).

ПретходноПо финалето може да се случи невидено сценарио
СледноФлик ги испратил фудбалерите на Барса на заболекар, кариесот можел да влијае на нивните повреди