Фудбалскиот клуб Вардар денеска ги потврди првите две договорени пријателски средби, како дел од летните подготовки пред стартот на новата фудбалска сезона.
Прата контрола „црвено-црните“ ќе ја имаат со екипата на Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми и тоа на 23 јули на популарниот стадион ,,Максимир” во Загреб. Натпреварот ќе започне во 19:00 ч, а истиот ќе има посебна важност, бидејќи ќе биде одигран по повод 77. роденден на фудбалскиот клуб Вардар.
Вториот натпревар ќе биде против англискиот второлигаш Свонси на 27 јули во Австрија, со почеток од 12:00 ч.