Артем Долгопјат беше најдобар во гимнастика во дисциплината партер со што го донесе првото злато за Израел на ЛОИ во Токио и второ севкупно за оваа држава во историјата. Пред него златен медал за Израел донел само Гал Фридман од ЛОИ во Атина во 2004 година.
„Не знам што да кажам. Се чувствувам како да сум на небото. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката, ова е чудо. Не бев сигурен дека сум доволно спремен да донесам медал, но ова е неверојатно. Освоив злато. Горд сум што го претставувам Израел“, изјави 24-годишниот гимнастичар роден во Украина и на кого претходниот најдобар скор му беше сребрен медал на СП 2019 во Штутгарт.
Среброто е за Рајдерлеј Запата од Шпанија, а бронзата за Џао Рутенг од Кина.
What a final that was! 🤩
Artem Dolgopyat wins Israel’s second ever Olympic gold – the country’s first since 2004.
Rayderley Zapata also makes history for Spain winning the first men’s gymnastics medal in 13 years!
More gymnastics finals soon ⬇ #bbcolympics #Tokyo2020
— BBC Sport (@BBCSport) August 1, 2021