Словенците ги турнаа шпанските ѕвезди за првото место во групата

793

Кошаркарите на Словенија го добија мечот со Шпанија со 95-87 и го освоија првото место во групата Ц, па од повластена улога ќе ја чекаат ждрепката за разигрувањето на Олимписките игри во Токио. „Фуријата“ долго време имаше водство имаше и контрола на мечот (на паузата водеа со 44-12, а во еден момент имаа и +12 поени), но Словенците се разиграа токму кога беше најпотребно. Најдоа начин  како да ги запрат шпанските ѕвезди кои на оваа Олимпијада се сметани за фаворити за медал.

Словенците имаат три од три, а Шпанија остана втора. Аргентина и Јапонија се елиминирани.

Најпрецизен играч на натпреварот беше Цанцар од Словенија со 22 поени, додека Рубио уфрли 18. Сепак, многу корисен натпревар одигра Лука Дончиќ во два правци, па со 12 поени, 14 скокови и девет асистенции беше на чекор до „трипл-дабл“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДолгопјат стана вториот Израелец во историјата со злато на ЛОИ
СледноЕурофарм Пелистер ги заврши подготовките во Маврово, следно е тест меч со Металург