Утринава во Бугарија две наши прволигашки екипи одиграа пријателски средби во рамките на своите подготовки.
Брера Струмица со 2:1 славеше против Хапоел Ерусалим, тим од Израеч. Стрелци на головите за струмичани беа Ристовски во 35. И Ивковиќ во 45.минута.
Беса пак ремизираше со романскиот клуб Металул Бузаи со резултато 1:1. Срелец на голот на новиот прволигаш беше Љатифи.
И на двете средби тренерите Круљ и Таневски им дадоа шанса на повеќе свои играчи со цел да се види моменталната форма во овој период од подготовките.