Еден од најперспективните македонски кошаркари во моментов, Марин Петков (21 год, 192 см), најмалку до 2027 година ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска го продолжи договорот на уште дополнителни две сезони.
Тој лани дојде во таборот на македонскиот првак кога потпиша двегодишна соработка, а управата на клубот реши да го „врзе“ на подолг период без да чека да му заврши актуелниот договор.
Петков минатата сезона настапи на 13 средби во АБА2-лигата на кои доби десетина минути во просек да покаже што знае, додека во домашното првенство одигра 30 средби со просек од 5,3 поени и 2,7 асистенции.