Младата одбојкарска репрезентација во женска конкуренција за играчи до 20 години утре во Тирана започнува со настапите на Балканското пренство. Под водство на селекторот Александар Митев, нашите млади одбојкарки имаат уште една одлична шанса за презентирање на своите квалитети во балканското друштво.
Покрај Македонија, на овој шампионат ќе настапат и репрезентациите на Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Турција.
Првиот меч за нашите девојки е веќе утре од 17.30 часот против селекцијата на Црна Гора. В недела ќе се сретнеме со Србија во истиот термин, по што следуваат мечеви со Aлбанија, Бугарија и Турција во следните три дена.