Гордоста на Македонија денеска го слави својот 77-ми роденден!

907

 

ФК Вардар, тоа е синоним на големина, фудбалска љубов, историја и традиција, секако и успеси. Гордоста на Македонија може да биде и тоа како горда. ФК Вардар денеска го прославува својот 77-ми роденден.

Имено на денешен ден пред 77 години е основан клубот кој е препознатлив, кој е синоним на МАКЕДОНШТИНАТА, нашиот најголем спортски бренд.

Клуб со кој сите Македонци некогаш и сега се препознаваат. Сите фудбалски фанови во Македонија го респектираат како нај, нај. Некои од нив навиваат за други клубови, но Вардар е Вардар,сите говорат со респект за него.

Вардар во се беше и е прв. Вардар има титула во првенство на екс – Југославија, Вардар им титула во Купот на екс-Југославија. Вардар со 11 шампионски пехари во самостојна Македонија убедливо е рекордер. Вардар прв играше во Европа, секако Вардар прв и засега единствен во Македонија играше во групна фаза во некое европско натпреварување.

Низ овие 77 години во ФК Вардар продефилираа многу големи мајстори на фудбалската игра, легенди, не споменуваме имиња од страв да не испуштиме некого.

Познато е дека Вардар од разно разни причини во последните неколку години не беше оној Вардар, вистинскиот Вардар.

Но, тоа е минато. Сега Вардар најавува дека полека, но сигурно се враќа онаму каде што му е местото.

Во рамките на роденденската прослава Вардар утре на “Максимир“ во Загреб се среќава со Динамо Загреб.

За крај, Вардар е Македонија, Македонија е Вардар.

Среќен роденден, ВАРДАРЕ…

ПретходноГеоргиевски од Струга ТЛ прави трансфер во Пелистер!
СледноХамес Родригез си замина од Сао Паоло, се враќа во Шпанија