Како и секогаш кога станува збор за Реал Мадрид и Адидас, брендот кој ги облекува “кралевите“, нема грешка.
Па така денеска Реал Мадрид на своите социјални мрежи се пофали со својот гостински дрес за новата 2024/25 сезона. Се разбира дека изгледа прекрасно, иако е во портокалова боја. Инспирацијата дојде по онаа фантастична сезона од пред една деценија кога тогаш Роналдо и компанија ја освоија десеттата титула во Лигата на Шампионите, популарно наречена “Ла Десима“.
Во новиот дрес позираа Мбапе, Белингем, Винисиус и останатите мега – ѕвезди на Реал Мадрид.
💧 That new kit drip 🟠
👉 @adidasfootball pic.twitter.com/vu0TKDbivR— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 22, 2024