Стружани ќе играат и против традицијата: Пјуник на осум мечеви во Европа против македонски клубови нема пораз!

154

 

Кој ли само може да претпостави дека еден Пјуник, клуб од Ерменија е најголемиот душман што се вели за нашите клубови во Европа. Четири двомечи, осум натпревари и сите завршиле без пораз против македонски клубови, и секогаш Пјуник минувал во следната фаза. Навистина неверојатно.

Во својата историја Пјуник играл со Победа, Тетекс, Вардар и Шкупи и секогаш излегувал како победник.

Еве шанса Струга ТЛ да одигра за својата чест, но и за честа на македонските клубови. Еве шанса Струга ТЛ да му покаже на тој Пјуник.

Во 2004 година во квалификациите во ЛШ, Пјуник ја елиминира Победа со 1:1 и 3:1. Следуваше двомеч со Тетекс во 2013 година во квалификациите во Лигата на Европа, тогаш Ерменците беа подобри со 1:0 и 1:1. Вардар беше ривалот на Пјуник во 2018 година во квалификациите во ЛЕ, и тогаш Ерменците беа пречка која не се минува со 1:0 и 2:0 за Пјуник. Шкупи во 2019 во квалификациите во ЛЕ беше елиминиран со 3:3 и 2:1.May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and cleats

Значи Пјуник има пет победи и три ремија и нема ниту еден пораз досега против клубовите од Македонија.

Затоа велиме дека Струга ТЛ ќе игра и против традицијата, затоа велиме дека време е тој Пјуник конечно да падне. За почеток денеска во Охрид нека биде било каква победа за Струга ТЛ.

И за крај кога сме кај Пјуник. Пред две години за овој тим заедно играа Марјан Радески, Стефан Спировски и Кире Ристевски, денеска сите тројца во дресот на Струга ТЛ силно посакуваат триумф против нивниот поранешен клуб.

ПретходноПо една година пауза се враќа еден од најдобрите голмани во Премиер-лигата
СледноФакти кои доволно говорат зошто ракометот е број еден национален спорт во Македонија!