Пелистер договори ново засилување за претстојната сезона. Станува збор за Брајан Антоан кој има 24 години и игра на бековската позиција.
Својата колеџ кариера ја започнал во Универзитетот Виланова, каде настапувал три сезони. Во својата сениорска година бил дел од универзитетот Редфорд кој исто така е Division 1 колеџ. Тука на 31 натпревар имал просек од 11.4 поени, 3.6 скокови, 1.7 асистенции.
Антоан по завршувањето на колеџ настапите се пријави за овогодинешниот NBA драфт и беше поканет од тимот на Бруклин Нетс на проба, но сепак својата професионална кариера ќе ја започне токму во Пелистер.