Дел од македонските ракометни екипи ги „запалија моторите“ за новата сезона. Дел од нив ќе не претставуваат на европска сцена, дел се подготвуваат само за домашните обврски.
Пред почетокот на сезоната како и секогаш следи дуелот за Суперкуп трофејот. А за него ќе се борат, актуелниот освојувач на титулата, Пелистер и актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Алкалоид.
Мечот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, во првата недела од септември.
Минатата сезона, Суперкупот Вардар го освои трофејот со триумфот над Еурофарм Пелистер.