Франција го слави златниот медал на Леон Маршан. Имено еден од најдобрите пливачи на денешницава и тоа како покажа кој е кој во дисциплината 400 метри мешано. Иако не го урна светскиот рекорд, сепак го урна олимпискиот, оној на Мајкл Фелпс. Јасно е дека победи уверливо.
Неговото време беше 4:02.95 минути, па потоа следуваше интонирање на “Марсељезата“ во негово име.
Инаку тој е сопственик и на светскиот рекорд кој изнесува 4:02.50.
Втор трката ја заврши Мацушита од Јапонија а трет Карсон од САД.