Хрватите ја победија Германија во важен меч за пласман во четвртфинале на ОИ

248
FOTO: IHF

Репрезентацијата на Хрватска ја победи Германија со 31-26 во 3 коло од групната фаза на ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз. Ова е важна победа за Хрватска во борбата за пласман во четвртфиналето на Игрите. Падна лидерот на групата, а Хрватите демонстрираа фантастична одбрана на овој меч.

Иван Мартиновиќ со девет голови беше најдобар стрелец кај Хрватите, Лука Циндриќ, Домагој Дувњак и Марио Шоштариќ постигнаа по пет. Доминик Кузмановиќ имаше 12 одбрани на голот на Хрватите. Кај Германците тоа беше капитенот Јоханес Гола со осум.

Сега Хрватска е лидер со четири бодови исто колку и Германија на второто место. Другите натпревари се играат денеска, а Шведска ќе игра со Словенија додека Шпанија со Јапонија.

ПретходноЕкс-напаѓач на Сити и на Лестер потпиша за Севиља
СледноГвардиола: Ми се допадна како Флик ја „скоцкал“ Барселона