Србија го завери местото во четвртфиналето на Олимписките Игри во Париз, откако го совлада Јужен Судан со 96-85. Главните виновници за победата на нашиот северен сосед е тандемот Богдановиќ – Јокиќ. Двајцата беа лидери на овој натпревар. Богдановиќ имаше 30 поени од кои шест тројки, а додаде осум асистенции, додека Никола Јокиќ беше стрелец на 22 поени и 11 скока.
Во четвртфиналето Србија ќе игра против Австралија.
Дуелот очекувано беше неизвесен, во првата четвртина водството се менуваше со тоа што Србија имаше минимални 23-22. Во вториот период избраниците на Светислав Пешиќ поведоа со 34-25, но противникот успеа да изедначи, но не и да поведе. Србија на одморот имаше минимална позитива од 47-44.
Веќе во следните два периоди, Србија успеа да ги наметне своето темпо и да се одбрани од сите напади на Јужен Судан, со серија од 9-0 дојде на двоцифрени 87-74 во 34-та минута и ја најави големата победа. Пред самиот крај Србите се опуштија, направија грешки, но тоа не беше доволно за пресврт или слично, бидејќи „орлите“ не дозволија.
— Rade Fantastični (@RFantasticni) August 3, 2024