Трапановски: Се е одлично тука, штета што не дадов уште два гола

998

Кристијан Трапановски на дебито во шкотската Премиер-лига веднаш го постигна првиот гол за Данди јунајтед, а како што вели самиот тој можеше да постигне уште два. На крајот беше прогласен за најдобар играч на натпреварот со локалниот ривал ФК Данди.
Уште од првиот ден се е одлично. Имаме нови играчи, ни треба време да се воиграме. Ми треба уште малку физички да зајакнам, а тука се е топ и има простор за напредок. Тренерот исто така е топ и поради него сум тука. Има доверба во мене и многу ми е полесно“, изјави Трапановски за „СпортСпорт“.

Штета што не победивме, дадов еден гол и можев уште два да дадам“, додаде македонскиот интернационалец.

За шкотската лига и дали е тешко од македонска веднаш да заиграш во нивната лига.
Тешко е, тука многу се трча, многу се работи во вежбална. Мислам дека кај нас е потценета лигата, а не е толку лоша. Само што има лоши услови. Тука има многу подобри терени, подобри услови и можеш многу повеќе да покажеш“.

За неговиот клупски колега Давид Бабунски…
Давид беше и капитен. Нѐ почитуваат многу. За сега ни е одлично. Ќе продолжиме да работиме и се надеваме на што е можно повеќе победи“, заврши Трапановски.

ПретходноКостадинов со победнички гол против Легија и тоа во Варшава
СледноПогледнете каков неверојатен гол падна во Аргентина (видео)