Српските кошаркари утре ќе го одиграат четвртфиналниот натпревар на Олимписките игри во Париз. Противник е Австралија, а одредени проблеми пред овој дуел има селекторот Светислав Пешиќ.
Загрижувачки е фактот што Никола Јовиќ денеска го немаше во тимот. Крилниот центар на Мајами Хит имаше проблеми со повреди по пристигнувањето во репрезентацијата, а сега не се чувствува баш најдобро и го пропушти тренингот.
„Јовиќ не се чувствува добро, па го оставивме во хотелот, утре ќе биде добро“, тврди Пешиќ.
Доколку ја минат Австралија, „орлите“ ќе се соочат со победникот од дуелот САД – Бразил.
„Какви Американци, какви Американци. Треба да го преживееме овој натпревар“, изјави Пешиќ на тренингот пред Австралија.