Каков неверојатен меч во 1/4 финалето на ЛОИ меѓу Франција и Германија, кој на крајот го добија “панцерите во продолженијата со 35:34 и со тоа се си закажаа полуфинале против Шпанија.
Неверојатна драма, екстра квалитет, ракомет од некоја друга планета што се вели. Иако Франција едвај ја мина групната фаза, покажа екстра квалитет. И како врв на се продолженија.
Французите подобро го започнаа овој четвртфинален меч, на пауза се замина со водство од 17:14. Сепак Германија се врати во “игра“ и тоа како се врати. Треба да се каже дека во еден период од играта Германците имаа -6 но сепак се заканија. Сепак Дика Мем кога беше најпотребно одигра фантастично со две “торпеда“ донесе два разлика.
Драмата сепак беше тука, посебно во последните секунди кога буквално во последната секунда Германија израмни на 29:29 со што го однесоа мечот во продолженија откако Дика Мем направи фатална грешка.
А во продолженијата исто така ракометно лудило, кое сепак заврши со голема победа на Германците. Се чини заслужено.
Ушчинс со 14 голови блескаше кај победникот, додека кај Франција покрај одличниот голман Жерар, најефикасен беше Мем со 10 голови.
Но тој беше виновникот што Франција во регуларниот дел не го заврши мечот во своја корист.