Браќата Гасол се простија од репрезентацијата

131

Шпанските кошаркарски браќа Пау и Марк Гасол објавија дека се простуваат од шпанската репрезентација, само моменти откако нивната селекција беше елиминирана од САД на Олимписките игри.

„Тоа е мојот последен натпревар за Шпанија, ќе видиме дали е последниот меч во кариерата. Ви благодарам на сите што бевте тука. Од дното на моето срце“, изјави Пау кој со своите 41 година настапи пет пати на олимписки игри.

Со Шпанија освои три олимписки медали, две сребра и една бронза.

И неговиот брат Марк најави простување.

„Младите треба да играат. А за да може да играат, старите треба да им се тргнат од патот. Во спортото никогаш не можеш да знаеш, особено со селекција како САД. Благодарност до сите кои ми овозможија да бидам дел од овие Игри“, рече Марк.

ПретходноНејмар премногу одморал, па пуштил и стомак (ФОТО)
СледноВасилев пред „Челенџерот“: Да се прикажеме во добро светло