Германката Малаика Михамбо го освои златниот медал во скок во далечина на ЛОИ во Токио. Актуелната светска шампионка во оваа дисциплина, триумфираше на ЛОИ со најдобриот скок оваа сезона од 7 метри кој го постигна во последниот, шести обид.
Така таа ја елиминира 34-годишната Бритни Рајс од САД која атакуваше на втората олимписка титула после Лондон 2012. Четирикратната светска шампионка Рајс заврши со должина 6.97 метри што беше доволно за второ место и сребрен медал исто како и пред пет години на Игрите во Рио.
Шампионката од Африканските игри Езе Бруме од Нигерија е трета со скок од 6.97 метри, но ја освои бронзата поради послаб втор обид од 6.90 наспроти 6.95 на Рајс.
Ивана Шпановиќ од Србија беше четврта со 6.91 метри и не успеа да се пробие до уште еден олимписки медал по бронзата во Рио 2016.