Втор пораз на кадетската репрезентација на Македонија на вториот меч од М18 ЕХФ Еуро кое започна вчера во Црна Гора. По поразот од Франција со гол во последните секунди, денеска Македонија доживеа пораз од Германија со 25-19.
По првото полувреме разликата беше еден гол во корист на Германците (10-9). Во вториот дел противникот играше подобро и направи исока разлика која во еден момент изнесуваше седум голови (15-22) што само ни ги сведе шансите за пресврт на минимум. На крајот поразот изнесуваше шест разлика.
Најефикасен во нашиот тим, воедно и на мечот беше Самоил Ристевски со 11 голови од 13 шутеви. Петар Илиевски постигна пет голови. Кај Германците Јан Мудров реализираше 9 погодоци, Бенет Штробел пет голови.
Следниот и последен меч на Македонија во групата е против Полска на 10 август (14:30 часот).