Женската ракометна репрезентација на Данска го освои бронзениот медал на ракометен турнир на Летните олимписки игри во Париз. Во малото финале оваа селекција славеше против Шведска со 30-25 (15-13).
Данска цели 20 години чекаше за медал на ЛОИ, конечно успеа да дојде истиот.
Најдобра ракометарка кај победничката екипа беше Хојлунд со пет гола, Тофт имаше 16 одбрани. Кај Шведска прв стрелец беше Хагман со пет гола.
Големото финале меѓу домаќинот Франција и Норвешка е закажано за 15 часот.