Откако не успеаја да се пласираа во финалето на ЛОИ, кошаркарите на Србија заслужено дојдоа до бронзениот медал. За противник го имаа актуелниот светски првак, Германија, без проблем славеа со 83-93.
Србија беше добра во првата четвртина, ја доби со 21-3о, а потоа умешно го одржуваше водството. На одморот резултатот беше 38-46 во корист на „орлите“, кои не дозволија овој дуел да заврши во непосакуван правец како што беше случај со Американците.
Никола Јокиќ беше лидер во редовите на освојувачот на бронзениот медал, имаше трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Ист број на поени имаше Мициќ, зад него беше Богдан Богдановиќ со 16 поени.