Американките го урнаа Бразил и по 12 години се закитија со олимпиското злато во фудбал

163

Женската репрезентација на Соединетите Американски Држави го врати олимпиското злато во своите редови по пауза од 12 години. Во финалето на женскиот фудбалски турнир одиграно на „Паркот на принцовите“, Американките славеа со 1:0 против Бразил.
Голот за победа го постигна Мелори Свонсон во 57. минута. Моментот предизвика многу полемика, дали фудбалерката на Чикаго била во офсајд или не. Судијата го призна погодокот.

Американките го освоија петтиот златен медал на Олимпијадите, Бразилките сега имаат три сребра освоени во 2004, 2008 и сега во 2024 година.
Бронзените медали ги освоија Германките кои во малото финале ја победија Шпанија.
Инаку голгетерка на олимпискиот фудбалски турнир е Мари-Антонет Катото од Франција со пет голови.

 

Претходно„Граѓаните“ со трофеј ја отворија новата сезона
СледноДоминик Соланке е најскапото засилување на Тотенхем