ПМФЛ: „Супер – Купот“ за Струга ТЛ, Работнички и Шкендија со три бода, Шкупи се спасуваше, 1:1 во Битола!

491

Супер интересно беше на петте попладневни мечеви од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Дербито во Струга, во кое се сретнаа шампионот и победникот на Купот го доби Струга ТЛ и тоа со гол на Компаоре во 90.минута од средбата. Значи стружани го добија „Супер – Купот“ ако може така да се каже.

Работнички со убавиот гол на Делеј го победи Силекс со 1:0, секако дека ова е голем успех на младиот тим на стратегот Горан Станиќ.

На Маџари беше 1:0 за Шкупи, па 1:3 за Воска, на повидок беше сензација, но сепака фаворитот со голови во 86. и 92.минута преку Гуеи и Едмундсон дојдоа барем до бод, кој секако дека не ги задоволува фановите на овој тим.

Шкендија беше убедлива во Гостивар и славеше со 3:1 на гости кај Беса, Адеми со два и еден на Ибраими беше доволно за стартни три бода.

Во Битола екипите на Пелистер и Гостивар одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ ЗА 1.КОЛО

БЕСА – ШКЕНДИЈА 1:3

(Селмани (п) 35./Адеми 11., 21., Ибраими (п) 62.)

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1:1

(Ристевски 45+1,/Потук 36.)

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:0

(Делеј 45+3/)

ШКУПИ – ВОСКА 3:3

(Ибиши 14.,, Гуеи 86., Едмундсон 90+2/ Јахја 39., Осеи 74, Ибраими 80.)

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 1:0

(Компаоре 90./)

ВЕЧЕРВА – 20 Ч

БРЕРА – ВАРДАР

ПретходноФановите на Абердин се збогуваа со својот миленик – Бојан Миовски (ВИДЕО)
СледноГоран Станиќ: Работнички може и подобро, ама сепак задоволен сум од победата!