Полувреме: Многу борба, многу тактика, мрежите мируваат на “Дербито на Македонија“!

379

Вечерва на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, се игра “Дербито на Македонија“ бр.59, во кое се среќаваат Вардар и Пелистер, а по првите 45.минути резултатот е 0:0.

Проследивме голема борба на теренот во овој дел од дербито, но и големо тактичко надмудрување пред околу 8.000 фанови на трибините на Арената.

Инаку ова е последен меч од 2.коло во новата сезона.

Први се заканија вардарци и тоа преку Дианеси во 10.минута, но во последен момент Гроздановски го спасува гостинот. Пет минути подоцна опасност пред голот на битолчани, Закариќ врати во петерецот, но таму немаше никој да ја смести таа топка во мрежата на Пелистер.

Во 19.минута контра на гостите, сепак Ѓуриќ му ја одзема топката на Керим, ќе беше многу опасно по голот на Вардар за малку. Една минута подоцна Љамчевски опасно шутираше, но нема гол за Пелистер.

No description available.

Вардар можеше да поведе во 30.минута. Гужва пред голот на гостите, Закариќ беше тука, но Ристевски ја отстранува опасноста.

Пелистер може да жали, во 45.минута Талевски убаво шутираше, но Гачевски со фантастична одбрана го спаси својот гол.

Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Се разбира дека во елемент беа фановите на двата клуба, Комити и Чкембари што му дава посебен шарм на овој меч. Одамна не сме виделе такво нешто.

ПретходноВерона му приреди „хорор“ деби на Конте, Болоња не успеа да слави дома
СледноСпоелстра или Тајрон Лу: Кој ќе биде нов селектор на САД?