Фудбалерите на Реал Мадрид „кикснаа“ уште во првиот меч од новта сезона во Ла Лига, откако вечерва одиграа само 1:1 против Мајорка на гостински терен.
Реал поведе со голот на Родриго во 13. минута, но во 53. минута Муриќи погоди за конечни 1:1.
Како што можеше да се очекува, Реал Мадрид ја имаше иницијативата, но никој не можеше да претпостави дека Мајорка вечерва ќе пружи толку силен отпор. Мајорка дури и го заврши мечот со повеќе удари кон голот од екипата на Реал (5-4).
Во последните моменти од натпреварот Ферлан Менди заработи директен црвен картон поради остриот старт врз Муриќи.