Шкупи му врачил отказ на Ѓока по поразот од Гостивар

722

По вчерашниот пораз од екипата на Гостивар од 2:0 и неубедливиот настап во првото коло од новата сезона во ПМФЛ во кој успеаја да освојат само бод на мечот со Воска Спорт, првите луѓе на Шкупи му врачиле отказ на тренерот Ернест Ѓока.

Одлуката треба да биде потврдена денеска. Тоа значи дека чаирчани веќе се во потрага по ново тренерско решение кое ќе успеа да ја стабилизира екипата и да ја врати на посакуваните патеки.

Шкупи во рамките на 3. коло од ПМФЛ го очекува дербито со Вардар.

ПретходноРеал за првпат не победи на стартот на сезоната во ерата на Анчелоти
СледноСкопје го сака Вардар – „Дербито на Македонија“ пред 10.000 гледачи