Синоќа на 70 години почина Криштоф Даум, еден од најпознатите германски фудбалски тренери. Подолго време беше болен од рак веќе неколку години, не можеше да заздрави а објавено е дека синоча починал.
Инаку Даум важеше за тренер кој го знае фудбалот во најситните детали, требаше во 2000 година да биде и селектор на Германија, но пороците не му дадоа во буквална смисла да “експлодира“ како стручњак. Се говореше дека ги има сите предиспозиции за да биде најдобриот германски тренер, но тоа е животот.
Како фудбалер и не беше премногу успешен, а како тренер ги водеше екипите на Келн, Штутгарт, Бешикташ, Леверкузен, Австрија Виена, Фенербахче, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж, Бурсаспор…