Потврдено: Ристе Јанков е нов голман на Тиквеш! (ФОТО)

385

Она што во неделата “СпортСпорт“ ексклузивно го најави, од денеска е и официјално. А тоа е дека Ристе Јанков (25) е нов голман на Тиквеш, на победникот во Купот на Македонија. Секако дека ова е екстра, ова е големо засилување за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ако се знае дека Јанков важи за еден од нашите најдобри голмани.May be an image of 2 people, people playing soccer and text

Инаку Јанков во минатата сезона бранеше за Брегалница, претходно беше член на Поли Јаши (Романија), Каспиј (Казахстан), како и за Работнички кој е негов матичен клуб.

Некогаш беше стандарден голман на сите наши младински селекции.

ПретходноУЕФА ја претстави топката за новата сезона во ЛШ! (ФОТО)
СледноХари Кејн ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа