Во Париз свечено отворени и Параолимписките игри 2024 (ВИДЕО)

243

Церемонијата на отворањето на Параолимпијадата во Париз се одржа вечерва во центарот на француската престолнина, со што и официјално започнува 11-дневната интензивна конкуренција и битка за медали.

Исто како и церемонијата на отворање на Олимпијадата на реката Сена во јули, таа и овој пат се одржа далеку од главниот стадион за првпат на Параолимпијада.

Во пријатно време (за разлика од силниот дожд што го зафати отворањето на Олимпијадата на 26 јули), Параолимписките Игри беа отворени на Плас де ла Конкорд, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон.

Вкупно 18 од 35-те олимписки места ќе се користат и за Параолимпијадата, која ќе трае до 8 септември.

Слабата продажба на билети се зголеми по завршувањето на Олимпијадата и повеќе од два милиони од 2,5 милиони достапни билети се продадени. Македонија на овие Параолимписки игри ќе биде преставена од Оливера Наковска-Бикова, која во Париз замина со својот тренер Бранимир Јовановски.

ПретходноАрсенал вечерва ги продаде Никетиа и Рамсдејл
СледноЛШ: Црвена Звезда обезбеди место во главната фаза заедно со Лил и Слован (Б)