Двајца македонски кик-боксери ќе се борат за злато на Светското првенство за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта. Марија Димовска и Лука Змејкоски вчера извојуваа победи во полуфиналните борби и сега останува да дадат се од себе во финалните пресметки и да се закитат со најсјајните одличја.
Димовска славеше против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 во полуфиналето во лоу кик до 60 килограми, додека Змејкоски беше подобар од Владислав Лендел од Украина со 3-0 во лоу кик категорија над 81 килограм. И двајцата се натпреваруваат во категоријата на помлади јуниори.
Претходно, Силвио Мировски обезбеди полуфинале во категоријата постари јуниори до 71 килограм и сега го чека битка за медал.