Официјално: Андреј Магдевски повторно во дресот на МЗТ Скопје!

151

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона ќе биде дополнително засилена на плејмејкерската позиција, откако се врати македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски (28 год, 192 см).

За него ова ќе биде трета епизода во сино-белиот дрес, откако претходно за гордоста на Аеродром настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, кога по неколку месеци му беше дозволено да замине во Холандија. Магдевски со “металците“ има освоено две шампионски титули и тоа во 2019 и 2021 година, кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија.

Репрезентативниот плејмејкер е десеттиот кошаркар во составот со кој во следната сезона ќе ја брани двојната круна на домашна сцена и ќе стори сѐ за да се врати во АБА-лигата. Покрај него во тимот засега се Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков. Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, како и интернационалците Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (Србија).

Новата сезона за МЗТ Скопје официјално почнува на 24 септември со домашниот меч против Теодо Тиват во АБА2.

ПретходноНикој во најсилните европски лиги не промашувал како Мбапе
СледноСлот кажа дали Киеза ќе игра против Јунајтед, за Тен Хаг откри дека не се пријатели