ПМФЛ: Вардар со победнички мисли против Воска!

346

Попладнево од 16 часот во рамките на 4.коло во нашата елитна лига, на Националната Арена “Тодор Проески“ од 16 часот, Вардар ја дочекува Воска. По поразот на Чаир, екипата на стратегот Горан Петрески – Чунга, е пред нов предизвик. Императивот е голем, бодовите се потребни, но мислите се победнички.

Вардар и денеска од “Запад“ ќе ја има поддршката од своите верни фанови. Целта е јасна, да се дојде до победа, до големи три бода во овој момент.

А за да се дојде до победа над Воска, момците во “црвено – црни“ дресови ќе мора да одиграат подобро, поквалитетно, да покажат дека го заслужуваат дресот на нашиот најтрофеен фудбалски колектив.

Вардар во изминатите три кола успеа да го победи Пелистер во “Дербито на Македонија“, а беше поразен од Брера и Шкупи.

Сега е време да се дојде до втората победа сезонава.

Воска пак на стартот освои бод кај Шкупи, потоа беше поразена од Тиквеш во Кавадарци и од Гостивар на свој терен.

Кога сме кај традицијата, овие две екипи во последните три сезони се среќаваа во осум наврати, тука ги сметаме и дуелите во Втората лига од пред две сезони.

Вардар има забележано три победи, додека тимот од Охрид победил во пет наврати. Кога играат Вардар и Воска нема реми, нема нерешено.

На последните два меча кога Вардар бил домаќин гостите победувале и Воска е во серија од четири победи во низа против “црвено – црните“.

Ете мотив повеќе за Вардар да се дојде до победа денеска.

ПретходноПопирин: После Алкараз си помислив – зошто да не денеска?
СледноЗа денеска е закажано Редовното Собрание на РФМ