Проблеми во Денвер околу иднината на клубот!

2643

Како што објави американскиот новинар Зек Лоу во својот подкаст, постои проблем во односот меѓу тренерот Мајкл Мелоун и управниот одбор на тимот.

„Има гласини, гласини! Дека стручниот штаб и одборот на директори, или барем главниот тренер (Мајкл Мелоун) и бордот на директори, немаат исти размислувања во Денвер. И до степен што е дури и чуден за НБА“, рече Лоу.

Нагетс на Никола Јокиќ летово беа без Кентавиус Колдвел-Поуп и не донесоа замена за него, а се очекува во стартниот состав да биде младиот ас Кристијан Браун.

Во подкастот се додава дека главните оперативци на тимот, предводени од генералниот директор Калвин Бут, сакаат приоритет на тимот да бидат пиковите што неодамна ги избраа. И потенцијално по цена на краткорочен успех.

Од друга страна, Мелоун сака да се фокусира на ветераните и борбата за уште еден НБА прстен.

Вреди да се потсетиме дека Мелоун има договор до крајот на 2027 година.

ПретходноОхриѓанецот Џеди Осман е „бомбата“ на Панатинаикос
СледноБизарен момент доаѓа од Монако: Леклер го оштети својот болид (ВИДЕО)