Факт е дека фудбалски Штип и тоа како е “загреан“ за новата сезона во ПМФЛ, во која по неколку години пауза, одново ќе настапува и Брегалница. Веќе во недела под Исарот гостува Шкупи, силните чаирчани се просто магнет за љубителите на фудбалот. Ако не беа Ковид-19 мерките, сигурно е дека ќе имаше многу публика, сепак и во недела ќе има доста фанови.
Инаку Брегалница од денеска пушти во продажба сезонски билети за целата 2021/22 сезона. Цената е 1.500 денари, и со тој билет може да се следат сите натпревари на “сините“ кога ќе бидат домаќини, без разлика дали станува збор за првенствени или куп средби.
Во случај во текот на сезоната одново да се заострат корона мерките и да не може да има гледачи на трибините, тогаш Брегалница ќе им ги врати парите на тие лица кои купиле ваков билет.
Инаку овие сезонски билети може да се купат во маркетите на Кит – Го.