Тоа е голем клуб: “Пандевци“ ќе ја дочекаат Струга ТЛ во вечерен термин, под рефлектори!

1473

Викендов стартува новата 30-та јубилејна сезона во ПМФЛ, а временските услови за фудбал се крајно неповолни. Имено пеколно топло е во Македонија, температурите не се спуштаат под 40 степени Целзиусови.

И затоа Академија Пандев својот прв меч во новата сезона и тоа во недела против Струга Трим Лум, одлучи да го закаже во вечерен термин и тоа под рефлектори. Мечот почнува од 20 часот, и нема да се игра на Спортскиот комплекс “Горан Пандев“ туку на Градскиот стадион „Благој Истатов“ во Струмица.

Се очекува и добра посета, играат две одлични екипи кои имаат и тоа како што да покажат.

ПретходноЛОИ ракомет: Данска втор финалист, Парондо против „својата“ Шпанија за бронза
СледноУганда испиша историја: Ја има првата дама со златен медал на ОИ